Куќен ред на училиштето

1. Нашето училиште е отворено во 7.00 часот
2. Дежурните наставници се наоѓаат во холот веќе во 7.00 часот.
3. Учениците се постројуваат во холот или дворот (зависно од временските услови) и влегуваат во училниците во 7.15 / 13.15 часот.
4. Првоодделенците можат веднаш по доаѓањето да се сместат во своите училници.
5. Од 7.25 / 13.25 секој ученик е на своето работно место.
6. Доколку секој наставник не се појави во рок од 5 минути по почетокот од наставниот час, претседателот на одделенската заедница треба да го извести училишното раководство.
7. Училишната зграда се затвора во 7.30 / 13.30 часот и е отворена само за време на големиот одмор (во траење од 20 мин. и започнува во 8.55 / 14.55 ч.)
8. За време на наставата ученикот може да ја напушти училишната зграда само со дозвола на наставник.
9. За време на слободни часови, учениците не смеат да ја напуштат училишната зграда, а се задржуваат во училницата без да го нарушуваат редот.
10. Посетата од родители се врши со претходно најавување и е дозволена само за време на одморите со повикување од одделенскиот раководител во холот, а доколку родителот сака да разговара со други предметни наставници – тоа го прави во просторијата што се наоѓа пред педагошко-психолошката служба.
11. Наставниците како и учениците се обврзани редовно да ги носат своите работни облеки (униформи).
12. Носење и употреба на мобилни телефони во училиштето и за време на наставата е строго забрането.