Транспарентност и отчетност
Начин на поднесување на барање за пристап до информации
Општинско основно училиште „Ванчо Прке“ – Штип како имател на информации согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер обезбедува јавност и отвореност во работата, и им овозможува на физичките и правните лица да го остваруваат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер овозможува пристап до информации од јавен карактер што ги создава или со кои располага ООУ „Ванчо Прке“ – Штип, согласно член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со исклучок на информациите наведени во член 6 од истиот Закон.
Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис, при што барањето поднесено во електронска форма се смета за писмено поднесено барање.
Начини на поднесување писмено барање
Писменото Барање може да се поднесе до ООУ „Ванчо Прке“ на следниве начини:
- Непосредно во архивата;
-
Преку пошта на адреса:
ООУ „Ванчо Прке“ Штип
ул. Васил Главинов бб., 2000 Штип
Република Северна Македонија -
Во електронска форма
преку е-маил: ou_vanco_prke_stip@yahoo.com
Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да се поднесе на утврдениот Образец на Барање (даден подолу) или на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.
Во случај кога барањето е поднесено од страна на овластен полномошник, кон барањето треба да биде приложено уредно полномошно.
Кога барателот бара пристап до информација со усно барање, службеното лице составува записник за тоа.
Службено лице за слободен пристап до информации од јавен карактер
Подносителот на барањето може да се информира за сите прашања од интерес поврзани со остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, кај службеното лице:
Бисера Василева
Телефон: 077 927 280
Е-маил: biseravasko@gmail.com
Службен е-маил: ou_vanco_prke_stip@yahoo.com
Горенаведеното лице е поставено, согласно чл. 8 од ЗСПИЈК за службено лице одговорно за остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Слободен пристап до информации имаат сите правни и физички лица. Слободен пристап до информации имаат и странски правни и физички лица во согласност со овој и друг закон.
Поднесување и пополнување на барањето
Барателот на информации од јавен карактер мора најпрво да пополни барање, според однапред изготвен образец, кој е даден подолу во електронска форма.
Напатствие како се пополнува барањето
Образецот на Барањето содржи назив на Имателот на информацијата, личното име и презиме на Барателот на информацијата, податоци за можниот застапник или ополномоштеното лице, фирмата или правното лице, опис на информацијата со која сака да се запознае, на каков начин сака да се запознае со содржината на бараната информација и на каков начин да му се достави бараната информација.
Барање може да се поднесе пополнето и на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.
Обрасци
Образец – барање за информации од јавен карактер:
а) во PDF-формат
б) во WORD-формат
Образец – жалба:
а) во PDF-формат
б) во WORD-формат
Дополнителни информации
Партнери на училиштето за соработка:







БРЗИ ЛИНКОВИ
КОРИСНИ ДОКУМЕНТИ
Copyright © 2026 ООУ „Ванчо Прке“. Сите права се задржани