Куќен ред на училиштето
| 1. | Нашето училиште е отворено во 7.00 часот |
| 2. | Дежурните наставници се наоѓаат во холот веќе во 7.00 часот. |
| 3. | Учениците се постројуваат во холот или дворот (зависно од временските услови) и влегуваат во училниците во 7.15 / 13.15 часот. |
| 4. | Првоодделенците можат веднаш по доаѓањето да се сместат во своите училници. |
| 5. | Од 7.25 / 13.25 секој ученик е на своето работно место. |
| 6. | Доколку секој наставник не се појави во рок од 5 минути по почетокот од наставниот час, претседателот на одделенската заедница треба да го извести училишното раководство. |
| 7. | Училишната зграда се затвора во 7.30 / 13.30 часот и е отворена само за време на големиот одмор (во траење од 20 мин. и започнува во 8.55 / 14.55 ч.) |
| 8. | За време на наставата ученикот може да ја напушти училишната зграда само со дозвола на наставник. |
| 9. | За време на слободни часови, учениците не смеат да ја напуштат училишната зграда, а се задржуваат во училницата без да го нарушуваат редот. |
| 10. | Посетата од родители се врши со претходно најавување и е дозволена само за време на одморите со повикување од одделенскиот раководител во холот, а доколку родителот сака да разговара со други предметни наставници – тоа го прави во просторијата што се наоѓа пред педагошко-психолошката служба. |
| 11. | Наставниците како и учениците се обврзани редовно да ги носат своите работни облеки (униформи). |
| 12. | Носење и употреба на мобилни телефони во училиштето и за време на наставата е строго забрането. |
Партнери на училиштето за соработка:







БРЗИ ЛИНКОВИ
КОРИСНИ ДОКУМЕНТИ
Copyright © 2026 ООУ „Ванчо Прке“. Сите права се задржани