Учиме денес
за подобро утре

Поттикнуваме знаење, креативност и вредности за успешни и одговорни идни генерации

1 септември

А СМЕНА – 13:30
Б СМЕНА – 7:30

Учиме денес
за подобро утре

Поттикнуваме знаење, креативност и вредности
за успешни и одговорни идни генерации

31 август

Со почеток од 10 часот во просториите на училиштето

1 септември

А СМЕНА – 13:30
Б СМЕНА – 7:30

Квалитетна настава

Посветени на учениците

Поддршка и развој

Современи методи

Безбедност и позитивност

Подготвени за иднината

Општо за училиштето

Оваа учебна година во училиштето има 1213 ученици распределени во 72 паралелки во редовна настава и 34 ученици во посебните паралелки. За паралелките со помал број на ученици е побарана согласност од Министерството за образование и наука.

Наставата се изведува на македонски јазик, а од странските јазици се изучуваат Англиски јазик од 1-во до 9-то одд., Германски јазик и Француски јазик од 6-то до 9-то одделение.

ПРОЕКТИ

Запознајте се со проектите и активностите во нашето училиште.
ПОВЕЌЕ →

ДОКУМЕНТИ

Корисни документи и формулари на едно место.
ПОВЕЌЕ →

25 август

09:00

–

13:00

Ванчо Прке - Училница 32

25 август

09:00

–

13:00

Ванчо Прке - Училница 32

10 октомври

13:00

–

15:00

Суитлак

10 октомври

13:00

–

15:00

Суитлак

„ЗАЕДНИЧКИ ЈАЗИК ВО УЧИЛИШТЕ“

Проект за подобрување на инклузијата и меѓукултурното разбирање во училиштето

Проектот „ЗАЕДНИЧКИ ЈАЗИК ВО УЧИЛИШТЕ“ се реализира во рамките на програмата „Еразмус+“ за имплементирање на Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ) во училиштата.

Проектот има за цел да обезбеди практични алатки за стручните лица кои работат со ученици со развојни потешкотии во училиштата.

Ја претставува Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје или позната како МКФ (Светска здравствена организација, 2001), како заеднички јазик за опишување на индивидуалната ситуација на детето во однос на учењето и можностите.

Планирање базирано на способностите на детето, холистички пристап кон трансдисциплинарни проценки и процеси на планирање базирани на детето.

Проектот го реализираат 10 партнери од 4 држави од Европа (Австрија, Германија, Северна Македонија и Турција), а го координира проф. д-р Манфред Претис.

Проектот започна на 1 септември 2018 година и ќе трае до 31 август 2021 година. Се изврши и дисеминација на двајца соработници од нашето училиште. Тие понатаму ќе ги прошират активностите и ќе вклучат и други стручни лица од наставниот и педагошкиот кадар за поефективни резултати од целта на проектот.

Мисија и визија на ООУ Ванчо Прке - Штип

М И С И Ј А

Нашето училиште е современа и отворена образовна средина која го поттикнува развојот на секој ученик, почитувајќи ги различностите, правата и одговорностите.

Изјава за мисија:
Создаваме безбедна, современа и поттикнувачка средина според потребите на учениците.

В И З И Ј А

Се стремиме кон слобода на мислење, почитување на секој ученик и примена на современи методи на настава. Нашата цел е учениците да го прифатат учењето како лична потреба, да развиваат позитивни вредности и да израснат во одговорни и зрели личности.

Изјава за визија:
Секогаш во чекор со времето.

За патронот на училиштето:

Ванчо Пркев Сермен (1921–1943), учесник во народноослободителната борба и народен херој. Во 1939 година се запишува на Техничкиот факултет во Белград. Таму, во 1940 година, станува член на Комунистичката партија на Југославија. Активно учествува во демонстрациите, поради што бил во конфликт со режимот.

На 19 мај 1943 година тргнува со група партизани на Плачковица. Во подножјето на планината групата застанала да се одмори во една колиба, каде што ги стигнала потерата на бугарската полиција и ја опколила колибата. Во групата само тој имал пушка, додека другите биле невооружени. Им наредил на останатите да се пробијат до планината, додека тој го заштитувал нивното повлекување.

Пукал во бугарските фашисти додека имал муниција, а потоа со последниот куршум во пушката тргнал кон непријателот и во тој момент паднал погоден од митралески рафал. Загинал на 21 мај 1943 година.

Со указ на Президиумот на Народното собрание на Сојузна Република Југославија, на 2 август 1949 година е прогласен за народен херој.