Кодекс за заштита на компјутерите

Ученикот како субјект и активен учесник во воспитно-образовниот процес треба да има јасна претстава за својата положба и улога во училиштето и општеството, да ги познава своите права и обврски и да се прилагодува на современите барања. Секој ученик е должен совесно да се однесува кон сите структури во училиштето, совесно да управува со материјалните добра и техниката кои се користат и да се грижи за дисциплината.

Ученикот е должен:

1. Да се придржува на училишните правила и прописи, да ја почитува организацијата на животот и работата во училиштето и да ги почитува одлуките на стручните органи во училиштето.
2. Да ги почитува законските одредби и одредбите во актите на училиштето.
3. Да ги почитува и применува правилата содржани во куќниот ред на училиштето.
4. Да има одговорен однос кон наставните средства, инвентарот и другите материјални добра на училиштето.
5. Да биде активен во наставата, да ги прифаќа новите технологии и да ги употребува наставните средства со кои располага училиштето.
6. Тивко и без трчање да ги остави личните работи на одредено место, да седне и да причека инструкции за работа.
7. Да придонесува за создавање позитивна работна атмосфера на часот.
8. Да не ја нарушува планираната активност на часот со задоцнување, разговор или предизвикување конфликтни состојби.
9. Да не ја оштетува компјутерската опрема во училиштето.
10. Да не ја оттуѓува компјутерската опрема во училиштето.
11. Да ја надомести намерно направената штета.
12. Да се однесува совесно и пристојно и да не јаде и не пие врз тастатурата или куќиштето.
13. Да не ја менува позадината на компјутерот без прашање.
14. Да не активира програми со лични пораки.
15. Да не ги открива на други лозинките кои ги користи на Интернет, затоа што може да бидат злоупотребени.
16. Да не внесува свои податоци или е-mail адреса на непознати и несигурни веб-сајтови.
17. Да не одговара на непознати е-mail пораки затоа што може да биде нападнат од вируси.
18. Да побара совет од наставникот за сите ситуации во кои не е сигурен како да постапи.
19. Да не објавува туѓи податоци и фотографии во свое име.
20. Да не симнува од Интернет програми, слики, видеа и слично на училишниот компјутер или на свое USB без дозвола.
21. Да не се најавува во компјутерот и програмите со туѓо корисничко име и лозинка.
22. Да не брише и разместува фајлови и фолдери кои не се негови.
23. Да го сними во договорен фолдер она што го работи на часот.
24. Да не ги разместува компјутерот и мониторот.
25. Да не пишува по училишниот инвентар и материјалните добра.
26. Да ги затвори сите програми кои ги користел пред крајот на часот.
27. Да го врати столчето на место и да излезе без трчање на крајот на часот.
28. Да придонесува училиштето да биде безбедно и пријатно место за учениците и навремено и објективно да информира за негативните појави и настанатите штети.
Правила за чување, одржување и однесување кон компјутерите
29. Чувај го компјутерот, тој е твој и на твоето другарче!
30. Внимателно ракувај со компјутерот!
31. Користи го компјутерот само во присуство на наставникот!
32. Следи ги насоките на наставникот и почитувај ги истите!
33. После секоја употреба исклучи го компјутерот и врати го на соодветното место!
34. Чувај ја инсталацијата во училницата и не ја оштетувај!
35. Пријави го секое недолично однесување кон компјутерот.