Кодекс на родители

1. Да ја почитува целокупната работа на училиштето и со почит и коректност да се однесува со наставниците, вработените, учениците и останатите родители.
2. Да се грижи неговото дете редовно и навреме да ја посетува наставата за време на наставата и во работните и воннаставните денови.
3. Да допринесува за правилен однос на ученикот кон учењето, училиштето, училишниот имот и учебниците.
4. Родителот треба да му помага на ученикот при домашните задачи, но не и да ги пишува наместо детето.
5. Редовно да се информира за успехот и постигањата на своето дете на индивидуални или родителски средби.
6. Да го почитува приемниот час на наставникот.
7. Да го почитува следниот редослед на комуникација по хиерархија: одделенски раководител, предметниот наставник, педагогот и на крајот директорот.
8. Месец дена пред завршетокот на училишната година родителот/старателот нема да може индивидуално да се информира за успехот на своето дете.
9. Да не се задржува по училниците, ходниците и други простории освен ако не е повикан. Во спротивно, од дежурниот наставник или управата на училиштето ќе биде замолен да замине од училиштето.
10. Активно да учествува во советот на родители на одделението, училиштето и училишниот одбор.
11. Да го оправдува отсуството на своето дете најдоцна три дена од изостанокот лично или за подолго отсуство со валидна медицинска белешка. Во случај на заразна болест веднаш телефонски да го извести одделенскиот раководител.
12. Да ги надоместува навреме сметките за екскурзии, списанија, топол оброк, ужинка и друго.
13. Со потврда од соодветна здравствена установа, родителот може да побара ослободување од учество на неговото дете од одделни активности во наставата.
14. Да соработува со педагошката служба во случај на конфликти или педагошки мерки.
15. Да соработува со училиштето, пополнува прашалници, анкети и слично.
16. При воочување на проблем, проблемот се решава меѓу родителот/старателот и училиштето, при што неизбежна е соработката меѓу родителот/старателот и училиштето, и треба да се избегнува префрлање на одговорноста од едни на други.
17. Целта мора да биде заедничкото делување за доброто на детето кај кого се воочени потешкотии, но и кај останатите деца, чии права се исто така загрозени во тие ситуации поради несоодветните решенија и третирање на децата.
18. Родителите треба да ги читаат известувањата на училишната огласна табла и веб-страницата на училиштето за да бидат во тек со случувањата и животот во училиштето.
19. Нуди помош на училиштето за остварување на воспитната работа преку совети, предлози и активности.
20. При испишување на ученикот задолжително е присуство на двајцата родители, односно заедничка согласност.