Кодекс за заштита на компјутерите
Ученикот како субјект и активен учесник во воспитно-образовниот процес треба да има јасна претстава за својата положба и улога во училиштето и општеството, да ги познава своите права и обврски и да се прилагодува на современите барања. Секој ученик е должен совесно да се однесува кон сите структури во училиштето, совесно да управува со материјалните добра и техниката кои се користат и да се грижи за дисциплината.
Ученикот е должен:
| 1. | Да се придржува на училишните правила и прописи, да ја почитува организацијата на животот и работата во училиштето и да ги почитува одлуките на стручните органи во училиштето. |
| 2. | Да ги почитува законските одредби и одредбите во актите на училиштето. |
| 3. | Да ги почитува и применува правилата содржани во куќниот ред на училиштето. |
| 4. | Да има одговорен однос кон наставните средства, инвентарот и другите материјални добра на училиштето. |
| 5. | Да биде активен во наставата, да ги прифаќа новите технологии и да ги употребува наставните средства со кои располага училиштето. |
| 6. | Тивко и без трчање да ги остави личните работи на одредено место, да седне и да причека инструкции за работа. |
| 7. | Да придонесува за создавање позитивна работна атмосфера на часот. |
| 8. | Да не ја нарушува планираната активност на часот со задоцнување, разговор или предизвикување конфликтни состојби. |
| 9. | Да не ја оштетува компјутерската опрема во училиштето. |
| 10. | Да не ја оттуѓува компјутерската опрема во училиштето. |
| 11. | Да ја надомести намерно направената штета. |
| 12. | Да се однесува совесно и пристојно и да не јаде и не пие врз тастатурата или куќиштето. |
| 13. | Да не ја менува позадината на компјутерот без прашање. |
| 14. | Да не активира програми со лични пораки. |
| 15. | Да не ги открива на други лозинките кои ги користи на Интернет, затоа што може да бидат злоупотребени. |
| 16. | Да не внесува свои податоци или е-mail адреса на непознати и несигурни веб-сајтови. |
| 17. | Да не одговара на непознати е-mail пораки затоа што може да биде нападнат од вируси. |
| 18. | Да побара совет од наставникот за сите ситуации во кои не е сигурен како да постапи. |
| 19. | Да не објавува туѓи податоци и фотографии во свое име. |
| 20. | Да не симнува од Интернет програми, слики, видеа и слично на училишниот компјутер или на свое USB без дозвола. |
| 21. | Да не се најавува во компјутерот и програмите со туѓо корисничко име и лозинка. |
| 22. | Да не брише и разместува фајлови и фолдери кои не се негови. |
| 23. | Да го сними во договорен фолдер она што го работи на часот. |
| 24. | Да не ги разместува компјутерот и мониторот. |
| 25. | Да не пишува по училишниот инвентар и материјалните добра. |
| 26. | Да ги затвори сите програми кои ги користел пред крајот на часот. |
| 27. | Да го врати столчето на место и да излезе без трчање на крајот на часот. |
| 28. | Да придонесува училиштето да биде безбедно и пријатно место за учениците и навремено и објективно да информира за негативните појави и настанатите штети. |
| Правила за чување, одржување и однесување кон компјутерите | |
| 29. | Чувај го компјутерот, тој е твој и на твоето другарче! |
| 30. | Внимателно ракувај со компјутерот! |
| 31. | Користи го компјутерот само во присуство на наставникот! |
| 32. | Следи ги насоките на наставникот и почитувај ги истите! |
| 33. | После секоја употреба исклучи го компјутерот и врати го на соодветното место! |
| 34. | Чувај ја инсталацијата во училницата и не ја оштетувај! |
| 35. | Пријави го секое недолично однесување кон компјутерот. |
Партнери на училиштето за соработка:







БРЗИ ЛИНКОВИ
КОРИСНИ ДОКУМЕНТИ
Copyright © 2026 ООУ „Ванчо Прке“. Сите права се задржани