Наставникот по ФЗО Методи Петров присуствувал во Santiago de Compostela (Шпанија) преку Еразмус+

Проектот Meaningful Physical Education, каде работеа едукатори и наставници по ФЗО од 6 земји: Македонија, Ирска, Норвешка, Канада, Данска и Шпанија.

„Како часот по физичко и здравствено образование може значајно да влијае врз целокупниот развој на учениците и да придонесе кон создавање здрави доживотни навики“ — тема на која работеа во изминатите три години.

На завршните активности што се одржаа во Сантјаго де Компостела, Шпанија, како и во текот на целиот проектен процес, учествуваше и ООУ Ванчо Прке Штип преку наставник по ФЗО Методи Петров , во соработка со Универзитет Гоце Делчев-Штип, како координатор на активностите во Македонија.

Континуираното усовршување, размената на искуства и меѓусебната соработка се главниот двигател што ја одржува и освежува наставата професионалноста, инспирацијата и љубовта кон работата.