Отворениот ден за граѓанско образование

ООУ “Ванчо Прке” во рамките на организирање на активности за подигање на демократската клима во училиштата. Координатори на настанот беа предметните наставници Никола Бошков и Емилија Шуманска со огромна поддршка од директорот на училиштето, повеќе наставници и ученици. Во склоп на оваа активност, во организација на училишниот клуб на Црвениот крст, се спроведе и хуманитарна акција за собирање на облека. Дел од Отворениот ден беа и ликовната работилница, работилница за стекнување вештини за живеење во интеркултурно општетсво во организација на МИО тимот и еколошка работилница реализирана од ЕКО- секцијата на училиштето. Гости со свој настап беа и членовите на КУД “Ристо Донев – Учителот” од Штип, фрагменти се прикажани во следниве слајдови: